Џорџ Расел победи во квалификациите за главната трка за ГН на Сингапур, а по завршувањето на квалификациите, сите болиди беа упатени на задолжителната контрола.
Откако овластените лица на ФИА ги прегледаа, беше заклучено дека двата болиди на Вилијамс ги прекршиле правилата, односно нивните крилца се повисоки од 85 милиметри, па Албон и Сајнц се дисквалификувани.
Тие завршија на 12-тата и 13-тата позиција, но утре ќе мора да стартуваат од последниот ред, но и да ги отстранат неправилностите.
Ваквата одлука на ФИА нема да доенсе големи промени, а фаворитите ги задржаа позициите кои ги обезбедија во квалификациите.