Реал Мадрид со 5:2 го победи Ливерпул на „Енфилд роуд“, што е првпат во историјата на англискиот гигант дома да прими „петарда“ во меч од европските купови. По овој триумф, Кралскиот клуб речиси си го обезбеди местото во четвртфиналето од ЛШ, а реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ треба рутински да го одработи.
Победата над Ливерпул, Реал Мадрид ја „плати“ со повреди на двајца играчи. Уште во првото полувреме беше заменет Давид Алаба, а на негово место влезе Начо, кој одигра блескаво. Во финишот на средбата беше направена уште една принудна замена, кога Родриго го напушти теренот, а на негово место влезе Дани Себалјос.
По враќањето во Мадрид, Алаба и Родриго направија детални прегледи, кои покажаа дека Бразилецот треба да паузира две недели, додека повредата на Алаба е посериозна и тој ќе отсуствува до почетокот на април. Тоа значи дека двајцата ќе го пропуштат градското дерби против Атлетико Мадрид, но и првиот меч од полуфиналето во Купот на Шпанија против Барселона. Родриго и Алаба ќе ги нема ниту на гостувањето кај Бетис, а Бразилецот треба да биде во составот за мечот против Еспањол на 11 март. Алаба би бил подготвен во април, за средбата против Валјадолид дури на втори.
🇧🇷 Rodrygo will return to play vs Espanyol on March 11.
🇦🇹 Alaba is expected to play vs Valladolid on April 2. @diarioas pic.twitter.com/LiDtFeWSB4
— Madrid Xtra (@MadridXtra) February 23, 2023