Едни од омилените дневни додатоци за многумина обложувачи во Sport Life се Квотите на денот. Дека овие стандардни предлози честопати носат среќа, па и пари за оние кои ги следат понудените предлози, се покажа и во претходниве два дена.
Вчерашните и завчерашните предлози во Квоти на денот во Sport Life беа ДОБИТНИ! Во вторникот, вкупниот коефициент на трите меча изнесуваше 13.6, додека вчерашните три меча имаа уште поголем вкупен коефициент од дури со квота 14. Денеска следува нова тура на три предлози и, секако, одиме на „хет-трик“ погодоци.
Партизан дома игра против Спарта Прага во Конференциската лига на УЕФА, а опцијата која носи коефициент 2.20 е домаќините да не загубат во меч на кој ќе има меѓу два и четири погодоци.
Во Лигата на Европа, Брага на свој терен го пречекува Шериф, а молдавскиот тим на првиот меч победи со 2:0. Португалците сега ќе тргнат офанзивно, а за да ја оправдаат фаворитската улога, ќе мора да ги анулираат двата гола заостанување. Понудата е Брага да даде барем еден гол во првото полувреме и по 90 минути домаќините да имаат постигнато најмалку два погодоци. Коефициентот за ова е 2.15.
Дербито на денот е во Неапол, каде што Наполи и Барселона ќе играат за пласман во следната фаза од Лигата на Европа. Првиот меч на „Камп ноу“ заврши 1:1, а понудата сега е да има меѓу еден и три гола во двете полувремиња, што носи квота од 2.05.
Ако ги одиграте сите три меча на тикет, вкупниот коефициент е 9,69.