Два еврогола на „Олд Трафорд“, голманот на Арсенал е херој на мечот (Видео)

Манчестер јунајтед и Арсенал одиграа 1:1 во дербито на 28 коло во англиската Премиер лига. По ова реми, Манчестер сега има 34 бодови и е на 14 место на табелата, додека Арсенал има 55 бодови и е на 15 бодови заостанување зад лидерот Ливерпул.

Манчестер јунајтед беше многу поблиску до победата, но на крајот домаќините мора да се задовоат со еден бод. Бруно Фернандеш постигна прекрасен погодок директно од слободен удар за водство на полувреме на домаќините.

Во вториот дел Манчестер јунајтед имаше неколку стоостотни шанси, но голманот на Топчиите, Давид Раја ги одбрани ударите на Зиркзе, Мазрауи, Бруно Фернандеш.

Арсенал стигна до реми со прекрасниот погодок на Деклајн Рајс во 74 минута.

- Оглас -

Најнови вести