34.8 C
Skopje
недела, 17 август 2025

Два европски великани му нудат договор на Луис Суарес

Различни информации се појавуваат во врска со иднината на уругвајскиот напаѓач Луис Суарес во Барселона. Суарес, кој е трет стрелец во историјата на клубот и добро соработуваше со Лионел Меси изминативе години, сака да остане кај Каталонците, но тие би го продале ако добијат примамлива понуда и потоа би се фокусирале кон ангажирање на Лаутаро Мартинес од Интер.

Ајакс е најконкретен во обидите да го купи Суарес. Холандскиот клуб е подготвен да плати 15 милиони евра за Суарес, кој во минатото го носеше дресот на Ајакс, и тоа од 2007 до 2011 година, во периодот пред да замине во Ливерпул. Суарес е во Барса од 2014 година, а сезонава имаше 21 гол и 10 асистенции, што не е лошо бидејќи и пропушти доста средби.

Но, освен Ајакс, интерес за Суарес има и од Јувентус, кој бара замена за Гонзало Игуаин. Јуве на Уругваецот ќе му понуди двегодишен договор со годишна плата од 3 милиони евра. Договорот на Суарес со Барселона е до јуни 2021 година.

- Оглас -

Најнови вести