Два гола и четири бода за Вардар

Скопското фудбалско дерби помеѓу Вардар и Работнички на арената „Тодор Проески“ му припадна на најтрофејниот македонски клуб со 2-0, а стрелци на головите беа Колевски во 55-та и Аврамовски во 90-та минута.

Последните шест меѓусебни дуели на скопските ривали завршија со не повеќе од два постигнати голови, а таа традиција на слаба ефикасност продолжи. Вардар не даде гол во првите две кола, а сега двапати ја тресеше мрежата на противникот, па освои три бода, и има вкупно четири бода после три рунди во новата сезона.

Денешниот датум, 24 август, за Вардар го врзуваат убави спомени. Пред две години, на 24 август во Истанбул, вардарци го шокираа Фенербахче со 2-1, и се пласираа во групната фаза од Лига Европа.

- Оглас -

Најнови вести