Бразилецот Виктор Јуфо постигна еврогол од слободен удар за Пелистер против својот поранешен тим Шкендија и најави сензација на битолчани во Тетово.
Последнопласираниот тим во Првата лига води со прекрасниот гол на Јуфо против актуелниот првак Шкендија по првото полувреме што е најава за големо изненадување.
Странците доминираа во првото полувреме на пет меча и од вкупно четири гола, постигнаа три.
Покрај Јуфо уште двајца интернационалци, Фреди Алварес од Костарика и Србинот Крста Ѓорѓевиќ се стрелци на голови во првото полувреме.
Алварес му донесе предност на лидерот Шкупи во седмата минута против Скопје, а израмни Филип Стојановски во финишот на првиот дел.
Ѓорѓевиќ постигна убав гол за Борец и велешани имаат предност од 1:0 против Македонија Ѓорче Петров.
На дуелите меѓу Академија Пандев и Брегалница и Струга против Тиквеш мрежите мируваа по првиот дел во натпреварите од 16. коло во ПМФЛ.