24.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Два гола на Лео Меси, надмина „стотка“ во дресот на Интер Мајами (Видео)

Интер Мајами запиша нова победа во МЛС-лигата. Тимот славеше со 1-2 на гостувањето кај Њу Ингланд револушн во 21-вото коло од регуларната сезона. Повторно херој за гостите беше сеприсутниот Лионел Меси, кој ги постигна двата гола. Тоа беа голови број 100 и 101 за легендарниот Аргентинец.

Меси го отвори резултатот во 27-мата минута, кога искористи грешка во одбраната на противникот, ја пресече лошо вратената топка со глава и прецизно стрелаше за 0-1.

Во 38-мата минута повторно Меси ја зголеми предноста на својот тим. Тој доби одлично додавање во празно од Серхио Бускетс, излезе сам пред голманот и рутински реализира за 0-2.

Домаќините успеаја да намалат во 80-тата минута преку Карлес Хил, кој погоди со убав удар од работ на шеснаесетникот.

Интер Мајами ја продолжи својата одлична форма со четврта победа по ред, со што се искачи на петтото место на табелата со 35 бода, имајќи и три натпревари помалку. Лидер е Синсинати со 42 бода.

- Оглас -

Најнови вести