Валенсија со 2-0 го совлада Атлетик Билбао во последниот меч од 26-тото коло од денешната програма во Ла Лига. „Лилјаците“ со седмиот овосезонски триумф влегоа во трката за местата кои водат во Лигата на Европа и по четири последователни ремија, конечно запишаа позитивен исход.
Родриго донесе водство за домаќините во 49-тата минута, додека во 90-тата минута Гамеиро ги реши сите дилеми околу овој меч. Избраниците на Марселино во текот на целиот меч упатија само три удари во рамките од голот на Билбао, а два од нив завршија во мрежата.
Валенсија сега е на седмото место со 36 бода, додека Атлетик има три бода помалку и стои на 11-тото место на табелата.
https://www.dailymotion.com/video/x73gsic