Два гола против ривалот не се доволни за победа во Дер Класикер

3731 Милан – Јувентус (18.00 часот)

Јувентус на последните два официјални натпревари постигна 6 гола и победуваше, па може да се каже дека полека излегува од криза, но сега пред Алегри е голем предизвик, битка со неговиот екс клуб и актуелен италијански првак. Милан е тим кој и дава и прима повеќе голови од Старата дама. И Милан и Јуве имаат само по еден пораз сезонава во Серија А, двата тима загубија истиот ден, на 18-ти септември, пред две кола. За Милан не би било пријатно ако загуби две дербија по ред на свој терен. Двата тима имаат по неколку повредени играчи, а во минатата сезона двата меѓусебни дуели им завршија нерешено со 2-0 гола. Јуве од април нема победа на гости.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.98)

 

1148 Брајтон – Тотенхем (18.30 часот)

Ако се погледне премиерлигашката табела, ова е дерби на денот. Брајтон е четврти и ако победи, ќе се изедначи по број на бодови со третопласираниот Тотенхем. Петлите во минатото коло првпат претрпеа пораз, а Брајтон има една победа во последните три кола. Кај гостите ќе ги нема Кулушевски, Лукас Моура и Емерсон. Тотенхем во четвртокот одигра 0-0 со Ајнтрахт, даде само еден гол против Арсенал, а Брајтон на последните да меча даде 8 и прими пет гола. На последните три меча на овие екипи во Брајтон, едниот тим не давал гол.

Предлог тип: Х2 & 2-4 (2.24)

 

2970 Борусија Дортмунд – Баерн (18.30 часот)

На германскиот Дер Класикер, не важат многу статистиките, туку инспирацијата и мотивацијата се главни фактори кои решаваат. Баерн е тим со најмногу дадени и најмалку примени голови во Бундеслигата, но тоа не мора ништо да значи на гостувањето во Дортмунд против една фајтерска екипа која нема нерешен резултат сезонава. Двата тима беа убедливи во Лигата на шампионите, а и традицијата најавува ефикасен меч. Последните шест пресметки им завршувале со голови на двете страни и барем четири гола, победникот секогаш давал барем три гола.

Предлог тип: 2 & 3+ (2.07)

 

1400 Севилја – Атлетик Билбао (18.30 часот)

Севилја има само 5 бода во 8 кола, па го смени тренерот Лопетеги и го донесе одличниот мотиватор Сампаоли. Публиката треба да им помогне да го совладаат разиграниот Атлетик кој е трети на табелата и има пет победи во седум кола (на двете гостувања даваа по четири гола), а последната победа на Севилја дома е токму против Билбао, во мај, во финишот на минатата сезона. Билбао има три победи по ред. Последните три меѓусебни дуели во Севилја завршуваа со само еден постигнат гол, борбата е загарантирана, голови не би требало да има премногу, но којзнае.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.17)

 

1538 Бенфика – Рио Аве (19.00 часот)

Ова треба да биде најчистиот кец меѓу петте предлози. Бенфика има 22 бода од 24 можни, добро гази на два фронта, би било сензација ако и второ коло по ред одигра нерешено. Можеби дуелот со ПСЖ ги исцрпи Орлите, па тие нема да го уништат Рио Аве со многу голови, но победата не смее да биде доведена под прашање. Рио Аве има три ремија по ред на гости, а последен пат загуби токму кога гостуваше во Лисабон, но кај Спортинг. Бенфика дома ги доби сите лигашки мечеви против Рио Аве од 2005 наваму.

Предлог тип: 1 & 2-4 (1.90)

- Оглас -

Најнови вести