Два големи фаворити ќе остварат лесни победи во НБА плејофот и ќе „одлетаат“ во наредната фаза

8409 Милвоки бакс – Чикаго булс (плејоф НБА, 3:1, 01:30 часот)

Актуелниот првак има водство од 3:1 во серијата против Булси, кои пак вечерва ќе настапат без најдобриот играч, Зак Левињ, којшто влезе во протокол за изолација порадо тоа што бил во близок контакт со човек заразен со ковид-19.

Сето тоа дополнително ќе ја олесни задачата за домаќините, кои и онака ја имаа апсолутната фаворитска улога.

Предлог тип: 1 со хендикеп, -11.5 (1.95)

 

8433 Голден стејт ворирорс – Денвер нагетс (плејоф НБА, 3:1, 04:00 часот)

Идентична е ситуацијата и на овој меч каде што исто така домаќините со победа ќе се пласираат во наредната фаза.

Голден стејт предводен од Стеф Кари, Клеј Томпсон и Дејмонд Грин важи за голем фаворит против Денвер, кој и сега ќе се надева на монструозна партија на Никола Јокиќ.

Но, јасно е дека Воините исто така не би требало да имаат проблеми и со 4:1 да се пласираат во наредната плејоф фаза.

Предлог тип: 1 со хендикеп, -8.5 (1.93)

 

8333  Њујорк ренџерс – Монтреал канадиенс (НХЛ, 01:30 часот)

„Ренџерите“ го имаат веќе резервирано местото во плејофот, додека нивниот опонент нема никакви шанси за да се најде таму.

Впрочем, Монтреал има сеозна за заборавање бидејќи се наоѓа на последното место во Источната конференција и јасно е дека ќе бидат потребни голем број промени во пост сезоната.

Вечерва во арената „Медисон Сквер гарден“ во Њујорк домашните фанови ќе гледаат добар хокеј и триумф на нивните миленици.

Предлог тип: 1&5+ (1.81)

 

8336 Далас старс – Аризона којотс (НХЛ, 02:30 часот)

Гостите за овој меч ќе бидат без 11-мина хокеари, а со оглед на тоа дека се наоѓаат на самото дно на Западот, без никакви шанси да одат во разигрувањето, овој меч за нив и нема големо резултатско значење.

Кај домаќинте, пак, е сосема друга ситуацијата и победата е повеќе од потребна. Во Централната дивизија, Далас старс е под број пет со 95 бодови и сè уште го нема осигурено местото во плејофот, додека зад нив се Винипег џетс со 83 бода, но и средба помалку, па затоа за овој меч опција е само победа.

Предлог тип: 1-1 (2.00)

 

8629 Демар де Розан (Милвоки бакс – Чикаго булс, 01:30 часот)

Како што напишавме погоре, Милвоки е апсолутен фаворит, а отсуството на Зак Левињ е голем минус за Чикаго. Но, сезонава во голема мера се истакна Демар де Розан, којшто може да се каже дека има супериорна прва сезона во легендарниот дрес.

Вечерва тој ќе ги води Булси, а границата од 28,5 поени навистина изгледа одлична и вреди да се одигра плус, но мали се шансите дека гостите вечерва можат да направат сензација во домот на актуелниот НБА-првак.

Предлог тип: >28.5 (1.85)

- Оглас -

Најнови вести