Два италијански гиганти го сакаат Мота за тренер

Тренерот на Болоња, Тијаго Мота, кој прави чуда во Серија А, се наоѓа на радарот на два италијански гиганти кои сакаат од следната сезона да ги предводи нивните екипи. Според италијанските медиуми, Јувентус и Интер се заинтересирани за Мота.

Управата и навивачите на Јувентус не се задоволни од актуелниот тренер Масимилијано Алегри, кој на крајот од сезоната ќе ја напушти Старата дама и во Мота го гледаат идеалниот тренер за следната сезона.

Челнците на Интер му веруваат на Симоне Инзаги, кој минатата сезона со Нераѕурите играше во финалето на Лигата на шампионите, а оваа сезона е лидер во Серија А, но во исто време размислуваат и за иднината и го гледаат Мота како иден тренер. Тие планираат да седнат на маса и да му понудат преддоговор со кој по заминувањето на Инзаги, веднаш би бил именуван за тренер на Интер.

Тијаго Мота сезонава прави чуда со Болоња, екипата се наоѓа на делба на четвртото место на табелата со Рома со 25 освоени бода, а притоа ја има третата најдобра одбрана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести