Два клуба го „предадоа“ Манчестер сити во борбата против Премиер лигата

Манчестер сити во јуни започна правна постапка против Премиер лигата со цел да ги спречи новите правила за трансакции поврзани со придружни страни, кои беа воведени пред три години.

Граѓаните тврдат дека правилата што стапија на сила во јануари се „незаконски“ и поднесоа правен документ од 165 страници.


За обидот на Манчестер сити да биде успешен, 14 од 20 клубови во Премиер лигата требаше да се согласат со нив, но англиските медиуми јавуваат дека тоа не се случило.

Само 12 клубови гласале „за“, два помалку од потребните 14, па нивната жалба не поминала. Клучни биле гласовите на Вулверхемптон и на Евертон, кои гласале против, иако се очекувало да го поддржат англискиот првак.

Четири клуба се обиделе да стават вето на правилата. Освен Манчестер сити, жалби поднеле и Њукасл, Нотингам форест и Астон вила.

- Оглас -

Најнови вести