28.8 C
Skopje
вторник, 12 август 2025

Два клуба се фаворити за потписот на Кристијано Роналдо!

Светските обложувалници не се обединети околу квотите за иден клуб на Кристијано Роналдо, но речиси во сите варијанти, во топ 3 фаворитите се Челзи и Спортинг Лисабон.

Останувањето на Роналдо во Манчестер јунајтед по контроверзното интервју на Португалецот, изгледа веќе не е можно, па се очекува тој уште во јануари да ја промени клупската средина.

Во некои обложувалници, кои нудат обложување на следен клуб на Роналдо, најмала квота за иден клуб на Роналдо има за неговиот матичен Спортинг, а некаде прв фаворит е Челзи, кој уште е во Лигата на шампионите и тоа е големиот мамец, покрај големата плата која не им е проблем да му ја дадат.

Како варијанти се спомнуваат и Рома, Интер Мајами, Наполи, ПСЖ, Баерн, Њукасл, Атлетико, Манчестер сити и други клубови, но најреални опции се Сините од Лондон и Спортинг, за кој ако потпише, ќе најави пензионирање во блиска иднина.

- Оглас -

Најнови вести