Борусија Дортмунд го победи Улсан со 1-0, а Флуминенсе одигра 0-0 со Мамелоди, па германскиот тим го освои првото место во групата во која Бразилците се втори и ќе чекаат до 5 часот утрово по македонско време за да дознаат кој ќе игра против Интер од Милано, а кој против Ривер плејт во осминафиналето на Светското клупско првенство.
По асистенција на Џн Белингам, Даниел Свенсон даде гол и му донесе победа на тимот од Дортмунд, кој не се прослави против Корејците, а потфрли и првакот на Јужна Америка од 2023 година кој еднаш погоди статива и тоа беше најконкретното нешто што го направи вечерва против ривалот од Јужна Африка.