Два меча и 21 кошаркар на вечерното НБА-мени

Вечерва во НБА-лигата ќе се играат само два меча, но и тоа е доволно за правење добитен тикет затоа што покрај двата дуела, тука е и понудата за „плус-минус“ поени на кошаркарите.

Индијана е домаќин на Бостон, а гостите се фаворити за победа затоа што Селтикси се најдобар тим на Истокот со 15 победи и само четири порази. Индијана е со биланс од 10 победи и осум порази. Сепак, ако се гледа традицијата на дуелите на овие два клуба, Бостон има осум победи во последните 10 средби против Индијана.

Сакраменто на свој терен игра против Њу Орлеанс. Двете екипи имаат по 11 победи, но Саакраменто одигра 18, а Њу Орлеанс досега има 21 натпревар.

- Оглас -

Најнови вести