Два меча од Лигата на шампионите зачинети со англиски возбудувања

6002 Баерн Минхен – Лацио (21 ч.)

На првиот меч Лацио го изненади големиот фаворит и победи со 1:0, па притисокот врз Баерн сега е многу поголем. Според квалитетот на екипите, германскиот гигант е голем фаворит за триумф вечерва, но факт е дека тимот на Томас Тухел е во криза.

Во последните пет меча во сите натпреварувања Баерн има дури три порази, едно реми и само една победа. Ќе биде вистински шок ако домаќинот во Минхен не победи, но италијански тим секогаш знае перфектно да се затвори и затоа може да не се очекуваат многу голови.

Предлог тип: 0-1 I & 0-2 II (2.09)

 

6004 Реал Сосиедад – ПСЖ (21 ч.)

Францускиот првак на реваншот против Сосиедад во Шпанија допатува со резерва од два гола. Домаќините ќе го имаат својот терен како адут, но Сосиедад има само еден триумф во последните девет средби што ги одигра, додека Светците од Париз немаат пораз на последните 20 меча.

Искуството на францускиот тим во вакви дуели треба да е пресудно, но Сосиедад сигурно ќе игра без многу калкулации и од првата минута ќе нападне за да се обиде да ги анулира двата гола негатива.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.96)

 

1152 Сандерленд – Лестер (20:45 ч.)

Лестер е лидер во Чемпионшип, но тимот влезе во криза и загуби на последните три меча, па сега противниците опасно им се доближија. Тоа значи дека Лестер веќе нема право на киксови.

Сандерленд е поочаен затоа што загуби на последните четири средби во првенството. Во есенскиот дел од сезоната, Лестер победи минамално со 1:0, па и сега може да се очекува голема борба за освојување на бодовите.

Предлог тип: Х2&2-4 (1.80)

 

1154 Ипсвич – Бристол (20:45 ч.)

Ипсвич е тимот кој е во најдобра форма во моментов во Чемпионшип и има пет победи по ред. На домашен терен сезонава овој тим има 12 победи, четири ремија и само еден пораз.

Бристол е на средината од табелата и гостите ќе имаат тешка задача да го сопрат нападот на Ипсвич, кој во просек дава по два гола, но и прима повеќе од еден погодок на средба.

Предлог тип: 1-1&3+ (3.45)

 

1025 Барнсли – Болтон (20:45 ч.)

Дерби на денот во Лига Еден (трета лига во Англија). Болтон е трет со 69 бода, а Барнсли освои 66 бода и на табелата е веднаш зад денешниот ривал. Ова е и дуел на двата најдобри напади во лигата и едноставно треба да се очекува да има возбудувања.

Предлог тип: ГГ3+ (2.02)

- Оглас -

Најнови вести