-1.2 C
Skopje
петок, 2 јануари 2026

Два меча во Серија А ќе завршат нерешено, Јунајтед ќе слави кај Лидс

Типувањето за најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, е отворено до сабота во 16 часот, а играчите веќе го најавуваат исходот од 13-те понудени натпревари.

Интересно, два меча во Серија А треба да завршат без победник, барем според типовите на играчите на Спортската прогноза. Победник нема да има во Бергамо, на мечот помеѓу Аталанта и Рома, а слично треба да биде и на дуелот помеѓу Верона и Торино.

Играчите на Спортската прогноза веруваат во Манчестер јунајтед, па 63% од нив веруваат дека Црвените ѓаволи ќе слават на гостувањето кај Лидс.

Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари на подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари. Најдобриот во генералниот пласман ќе добие подарок смарт телевизор самсунг 55“.

- Оглас -

Најнови вести