Двајца играчи на Видеолотарија Касинос Австрија ги доживеаја своите најсреќни денови во 2022 година и се стекнаа со правото да се нарекуваат милионери. Во изминатите седум дена освоени се две добивки МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ во вкупна вредност од речиси 3,5 милиони денари.
Куманово и Кравари се местата каде што беше регистриран сигналот кој означува дека е постигната посакуваната добивка МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ.
Пеце Николоски од Кравари освои МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ со фантастична вредност од 1.714.513 денари. Добивката беше освоена на видеолотариските терминали во Евротип во Кравари.
Само неколку дена пред добивката на Николоски, во Куманово на 3 февруари е освоен уште еден МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ. Добивката вредна 1.775.051 денари ја освои Ш.С. на видеолотариските терминали во Моцарт.