Џакомо Распадори и Џанлука Скамака најавија голема сензација на „Џузепе Меаца“ и со нивните голови Сасуоло води со 2:0 на „Џузепе Меаца“ притив шампионот Интер по првото полувреме.
Двајцата тазе репрезентативци на Италија, кои ќе бидат во комбинација и за мечот со Македонија на 24. март во Палермо со два прецизни удари двапати го фрлија во нокдаун големиот фаворит.
Распадори, кој 7 пати играше за Италија погоди во осмата минута за 0:1. Голот на Распадори можете да го погледнете ОВДЕ.
Стрелец во 26. минута беше и Скамака, кој има два настапи за Аѕурите. Голот на Скамака погледнете го ОВДЕ.
За Интер можеше да биде уште полошо, бидејќи во финишот на првото полувреме третиот италијански репрезентативец, Доменико Берарди ја погоди пречката.
Бердарди е најискусниот од трилингот италијански репрезентативци во Саусоло, со 23 настапи и шест гола, а тој играше стандардно во составот на Аѕурите што минатото лето ја освои титулата европски првак.