„Два од два“ за Гибралтар, Фарски Острови спаси бод против Летонија

Селекцијата на Гибралтар триумфираше со минимални 1-0 на гостувањето во Лихтенштајн за остварување максимален учинок по две кола во сегментот Д од Лигата на нациите.

Победата ја донесе Де Бар со погодок уште во 10-тата минута од средбата, што беше доволно за Гибралтар да ја запише втората победа, откако претходно со идентични 1-0 славеше против Сан Марино.

Втората средба од сегментот Д се играше во групата 1, каде што Фарски Острови го издржа налетот на Летонија и се избори за бод при конечни 1-1.

Летонците први се заканија и во 25-тата минута ја отворија средбата преку Икауникс, а Феро возврати само три минути подоцна. Гостите притискаа за одлучувачки погодок во остатокот од средбата, но сепак мора да се задоволат со трето реми во исто толку меча.

- Оглас -

Најнови вести