Два огромни фаворита имаат прогнозерите кај Бундеслигашите на Спортска прогноза

Новото, 35-то коло од Спортска прогноза за последен пат во оваа сезона ќе биде со натпреварите од Бундеслигата.

Германците го играат последното коло, а воведните два натпревари од сабота, 15:30 часот, ќе ја отворат новата рунда каде што главна цел и овојпат ќе биде прекрасниот „ајфон 12“.

Баер Леверкузен ќе се соочи со Фрајбург, а дури 84,54 отсто од играчите сметаат на триумф на Фармацевтите, додека за гостите ќе навиваат само 7,52 отсто. Многу малку поголем (7,94%) е процентот на прогнозери коишто сметаат дека ќе има нерешен резултат на оваа средба.

Штутгарт, пак, ќе го дочека Келн, а исто така висок (81,70%) е процентот на играчи коишто типуваат на кец, а гостите се фаворизирани од страна на 9,64 отсто од прогнозерите.

Како што е веќе добро познато, за да се добие на подарок овој прекрасен телефон, потребно е да се погодат сите 13 средби, а доколку имате една утка, ќе добиете ваучер од вредност од 1.000, односно со две утки, ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести