6.8 C
Skopje
петок, 3 октомври 2025

Два пара се сигурици на прогнозерите за викендов

Останаа уште 24 часа за типување во осмото коло сезонава на најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life.

Утре во 14 часот е првиот натпревар од основната понуда и тоа е терминот до кој може да се приклучите и да чекате подароци доколку сте успешни во типувањето.

Од оние над 1.000 играчи кои досега прогнозирале, најголема доверба дека ќе победат имаат во Вердер Бремен (86,7 отсто) и Удинезе (84,5 проценти).

Поделеноста е прилично голема кај дербито Јувентус – Милан (42 отсто мислат дека ќе биде нерешено), а за португалското дерби помеѓу Порто и Бенфика две третини сметаат дека ќе победи Порто.

Двојно повеќе играчи очекуваат победа Ливерпул над Челзи отколку на Сините против Црвените, но не е мал процентот (38 отсто) и на тие што веруваат дека средбата ќе заврши нерешено.

Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари на подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.

 

- Оглас -

Најнови вести