Два пати го победуваше ракот, а црвениот картон го спречи да го надмине Занети

Лацио загуби кај Наполи со 2-1, а дефанзивецот на гостите, Франческо Ачерби има да жали многу повеќе од самиот пораз во Неапол. Ачерби беше исклучен во 70-тата минута од мечот и поради тоа ќе мора да го пропушти следниот меч на Лацио во Серија А против Јувентус. Со тоа што нема да биде во составот за наредниот дуел, Ачерби ќе прекине една неверојатна низа. Одигра 149 меча по ред во Серија А.

Црвениот картон го спречи Ачерби да го забележи и 150-тиот настап во низа, но и да го достигне рекордот кој го држи Хавиер Занети. Легендарниот капитен на Интер успеа на 162 средби едно по друго да биде на теренот во дресот на Интер. Ачерби застана на 149, а многу веројатно дека рекордот на Занети уште долго време нема да остане надминат.

За Ачерби останува да се задоволи со втората најдобра низа во историјата на Серија А. Одбранбениот играч на Лацио може да биде горд и на оваа низа, посебно ако се знае дека тој на двапати успеа да го победи ракот.

 

- Оглас -

Најнови вести