Два пенали на „Камп ноу“, по бод за Барселона и Кадис во рекордниот меч за Меси

Лионел Меси го урна рекордот на легендата Чави Ернандес, за најмногу настапи во дресот на Барселона во клупската историја. Капитенот го запиша 506-тиот настап во ремито од 1-1 на Каталонците во мечот против Кадис од 24-тото коло во Ла Лига.

Се играше 32-та минута кога Меси својот рекорд го круниса со погодок од белата точка, но наместо избраниците на Куман да ги решат дилемите, му оставија на противникот да дојде до шанса да се спасува на идентичен начин

Во претпоследната минута од регуларните 90, Кадис доби пенал во своја корист кој го реализира Фернандес, поставувајќи ги конечните 1-1 на „Камп ноу“.

Барселона со ова реми ја прекина низата од седум победи во Ла Лига, по што остана на третото место на табелата со 47 бода, додека Кадис е 14-ти со 25 бода.

- Оглас -

Најнови вести