По одиграни шест натпревари во две групни фази на Светското првенство, во трка за медал останаа најдобрите осум селекции. Денеска започнуваат четвртфиналните дуели, а два меча посебно ќе бидат интересни и возбудливи.
Норвешка и Шпанија од 2000 година до денеска имаат одиграно вкупно 13 натпревари, а Црвената фурија доминира и има дури 11 победи. Сепак, фактот дека Норвешка се подобрува, покажуваат последните две меѓусебни средби, во кои Норвешка за првпат победи (27:23) и одигра нерешено (26:26).
Франција е селекција која секогаш атакува на медал на големи натпреварувања, па затоа Галските петли се во улога на фаворити против Германија. Сепак, Панцерите нема лесно да се предадат, а тоа го покажуваат и резултатите на последните пет меѓусебни дуели. Само пред две недели играа контролен меч, а Германија славеше со 35:34. Во останатите средби, Франција има три победи, исто така со минимална предност од еден гол, а еден дуел завршил нерешено.