28.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Два стадиони ќе бидат полни во чест на Наполи, Елмас и другарите вечерва не се враќаат дома

Потврдено е дека вечерва ќе бидат полни до последно место два стадиони во Италија, а публиката на двата меча ќе гледа ист меч, Удинезе – Наполи.

Во Удине ќе има 25.000 гледачи, од кои 10-тина илјади фанови на гостите. Наполитанците чекаат титула, а на „Диего Армандо Марадона“ во Неапол ќе има 55.000 гледачи, кои заедно на осум големи екрани ќе го следат дуелот.

За вечерва се подготвува големо славење на третата титула за Наполи во неговата историја, а прва пон33 години, но оние што се најзаслужни за тоа, фудбалерите, нема да бидат таму. Што и да се случи во Удине, експедицијата на Наполи вечерва ќе остане таму и нема да има луд пречек на аеродромот доцна вечерва, враќањето во Неапол ќе го имаат утре околу пладне.

- Оглас -

Најнови вести