Викторија П’лзењ и Глазгов ренџерс прилично залутаа во овој циклус од Лигата на шампионите и заедно примија дури 46 гола на вкупно 12 меча, што е просек од 3.83 гола, а притоа не освоија ниту еден бод.
Ако за чешкиот тим има некакво алиби со составот на групата, па со ривали од калибарот на Баерн, Интер и Барселона примија 24 гола, тогаш полицајците од Глазгов и немаат некаква причина да се вадат.
Ривали им беа силните Наполи, Ливерпул и Ајакс, но тие имаат многу поголемо реноме од Викторија бидејќи се тимот со најмногу домашни титули, 55, од сите во Европа, па се очекуваше да одиграат многу подобро во А групата.
Ренџерс израмнија и еден свој негативен рекорд со 22 примени погодоци во КЕШ, или ЛШ, а се единствениот тим што примил 20+ голови во фаза по групи, и тоа двапати.
Првиот пат им се случи пред повеќе од половина век, односно во сезоната 1959/60.
Глазгов ренџерс имаше шест порази на шест меча во А групата и завршија последни без бодови со гол-разлика 2:22.
Тимот од П’лзењ даде пет и прими 24 погодоци, исто се прости од ЛШ и од еврокуповите без ниту еден освоен бод во Ц групата.