Два тима се главни фаворити за Мурињо да биде назначен за нивни тренер

Жозе Мурињо за брзо време ќе се врати во тренерскиот бизнис, а според многумина тоа требало да биде во Англија. Се шпекулираше дека Мурињо може да седне на клупата на Тотенхем, но сепак на лондонскиот тим не му се дававаат големи шанси дека ќе го добие Мурињо.

Пред Тотенхем, како опција за Мурињо се Пари Сен Жермен и Баерн Минхен. Иако Томас Тухел и Нико Ковач имаат добри резултати и засега имаат цврсти позиции во клубовите, обложувалниците велат дека Мурињо ќе биде нов тренер или на францускиот првак или на најтрофејниот германски клуб. Англичаните даваат коефициент 5 дека Мурињо ќе биде нов тренер на ПСЖ, а за тоа Португалецот да биде на клупата на Баерн, коефициентот е спуштен на шест.

 

- Оглас -

Најнови вести