Два тима се издвојуваат како главни фаворити за титула во Лигата на шампионите

Манчестер сити останува главен кандидат за европска титула и по првите осминафинални пресметки во фудбалската Лига на шампиони, но букмејкерите кои ги одредуваат квотите направија доста измени во однос на другите клубови.

Сега втор фаворит е Баерн Минхен. Баварците го разбија Челзи во Лондон и ја потсетија Европа дека е моќен тим кој може да ги изненади главните кандидати кои се спомнуваа како фаворити пред почетокот на сезоната.

Во Sport Life коефициентот за титула на Манчестер сити во ЛШ е 3,75, за Баерн е 4,50, за Ливерпул е 7,50, за Барселона 8, а за ПСЖ е 10. Пораснаа квотите кај Реал Мадрид и Јувентус, што е нормално со оглед на нивните порази, особено кај Реал, кој сега има помали шанси за европска титула од еден Лајпциг или Аталанта. Сепак, иако Јуве беше поразен од Лион со 0-1, шансите и понатаму се на страна на Старата дама. Тоа важи и за бранителот на трофејот Ливерпул, кој загуби од Атлетико Мадрид, но според обложувалнците, и понатаму има поголеми шанси да биде првак отколку мадридските Јорганџии.

Најмали шанси има Валенсија по поразот од Аталанта од 1-4, квотата на Лилјаците е дури 400, а и Челзи е меѓу „отпишаните“ со квота 350.

- Оглас -

Најнови вести