Двајца браќа му дадоа гол на тимот за којшто навиваат од деца, навивачите за еден потег ги наградија со аплаузи

Во италијанската Серија Б, Специја без многу проблеми со 3:0 славеше на гостувањето кај Јуве Стабија. Два од трите погодоци за гостите ги постигнаа браќата Еспозито, кои се родени токму во Кастеламаре ди Стабија, градот во којшто главен клуб е Јуве Стабија.

Постариот Салваторе е роден 2000 година, а помладиот е Франческо Пио, кој е роден во 2005 година. Токму Франческо постигна гол за Специја во 18-тата минута за водство од 1:0, а постариот Салваторе Еспозито даде гол во 77-мата минута за 2:0. Салваторе реши да го изведе пеналот кој беше досуден за Специја, неговиот удар го одбрани домашниот голман, но топката повторно се одби до него и потоа успеа да погоди.

Интересно е дека двајцата браќа по постинувањето на погодоците, високо ги кренаа рацете во знак на извинување кон фановите на Јуве Стабија, нивниот омилен клуб од детството.

„Знаев дека ова нема да биде пенал како сите претходни. Не шутнав како вообичаено, но имав среќа одбиената топка повторно да ми се врати и бев подготвен. Ние со братот сме навивачи на Јуве Стабија и малку спиевме пред мечот. Тешко беше психички да се подготвиме, но ние сме професионалци. Ова беше важна победа за нашиот тим, а и покрај сè, Стабија останува во нашите срца“, рече Салваторе Еспозито.

Навивачите на Јуве Стабија не беа многу лути поради овој пораз, а со аплауз ги испратија погодоците на браќата Еспозито, иако се тресеше мрежата на домашниот тим. За тоа колку го сакаат родниот крај и фудбалот што се игра таму, браќата Еспозито имаат потврдено со донирањето на финансиски средства за изградба на фудбалски игралиште во квартот во Кастеламаре ди Стабија, каде што живееле како деца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести