Светот сè уште е во неверување од тоа што се случуваше по натпреварот Еспањол – Барселона (2-4), кога при прославата на шампионската титула на Каталонците во теренот втрчаа хулиганите на домашната екипа со цел да го прекинат славењето и да ги нападнат фудбалерите на Барселона.
Хулиганите на Еспањол стигнаа дури до тунелот на ККорнеља-Ел Прат“, но тука двајца фудбалери на Барселона им се спротивставија. Станува збор за Серхио Бускетс и Маркос Алонсо, двајцата репрезентативци на Шпанија, кои се обидоа да се пресметаат со домашните навивачите. Тука конечно реагираше и обезбедувањето и почна да си ја врши работата за која е платено.
Busquets & Alonso confronting Espanyol ultras in the tunnel
by u/cinematicallystupid in soccer