19.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Двајца фудбалери на Виљареал си заминаа од теренот кога се оддаваше почит на жртвите во Израел

Фудбалерите на Макаби Хаифа синоќа го одиграа првиот натпревар од започнувањето на воениот судир помеѓу Израел и Палестина. Мечот се играше на неутрален терен, во кипарскиот град Ларнака. Пред натпреварот беше предвидено да им се оддаде почит на сите жртви во воените судири, но официјалниот спикер на разгласот најави минута молк само за израелските жртви. Тоа ги налути двајцата фудбалери на Виљареал, кои се повлекоа од теренот и заминаа на клупата, а подоцна се вратија на теренот за да го одиграат натпреварот.

Се работи за Французинот со алжирско потекло, Аиса Манди, и Шпанецот со марокански корени, Илиас Ахомах.

На трибините во Ларнака беа поставени 1.400 сино-бели балони, кои го симболизираат бројот на жртвите во терористичкиот напад на Хамас, што беше и иницијалната каписла за почетокот на војната.

„Нивното однесување е срамно и неприфатливо. Сите видоа за какви луѓе се работи“, кусо прокоментира портпаролот на Макаби по натпреварот.

На крајот Виљареал се радуваше на победата со 2-1.

- Оглас -

Најнови вести