Двајца играчи на Баерн позитивни на Ковид-19

Баерн Минхен информираше дека Леон Горецка и Хави Мартинес се двајцата нивни фудбалери кои се позитивни на корона-вирус и нема да се појават на утрешниот натпревар против Хофенхајм.

Горецка кој има 25 години, се наоѓа во домашна самоизолација и добро се чувствува. Истото важи и за 32-годишниот Шпанец. Покрај нив двајца, утре нема да игра ни Толисо кој има повреда.

- Оглас -

Најнови вести