Интер славеше над Верона со 2:1 во меч кој имаше неверојатна завршница. До почетокот на судиското надополнување беше 1:1, а потоа во 90+3 минута, Интер даде гол преку Фратеси за 2:1.
Две минути подоцна црвен картон доби Лазовиќ и Верона остана со фудбалер помалку, а Интер неколку моменти потоа имаше шанса да постигне и трет гол. Сите играчи на гостите, вклучувајќи го и голманот тргнаа во напад, а кога топката беше исфрлена далеку кон стредината на теренот, Барела и Санчез имаа чист пат кон противничкиот гол.
Барела ја водеше топката и му сугерираше на Санчез да биде зад него за да може да му додаде, но кога требаше да се случи лесна реализација на празен гол, еден од дефанзивците на Верона успеа да стигне и да ја исфрли топката во корнер.
Овој нереализиран контранапад на Интер за малку можеше да значи и испуштање на победата, затоа што во 90+10 минута Верона доби шанса да израмни на 2:2, но Анри од пенал ја погоди стативата и на крајот резултатот остана 2:1 за Нераѕурите.