23.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Двајца македонски репрезентативци треба да гледаме следната сезона во Евролигата

Елитната кошаркарска Евролига ги објави имињата на 18-те клубови кои следната сезона ќе бидат дел од елитното друштво. Само една промена има во однос од сезоната која што заврши. На местото на тимот на Валенсија ќе игра екипата на Париз.

Во редовите на Париз игра Американецот со македонски пасош Ти Џеј Шортц, што значи дека сигурно ќе имаме еден наш играч во елитата. Доколку се потврди трансферот на Ненад Димитриевиќ во тимот на Милано, тогаш двајца наши кошаркари ќе бидат во најдоброто друштво.

Србија повторно ќе има два тима и тоа Црвена ѕвезда и Партизан.

 

- Оглас -

Најнови вести