Двајца Македонци го засилуваат тимот на Вележ

Јани Урдинов и Коста Манев во новата сезона ќе играат во првенството на Босна и Херцеговина, а ќе ги бранат боите на Вележ. Манев веќе го стави потписот на договорот со Вележ и беше промовиран како нов играч на тимот од Босна и Херцеговина. Досегашниот играч на Вардар, потпиша едногодишен договор, а треба да биде засилување за одбраната на тимот. Игра на позицијата лев бек.

Освен Манев, утре се очекува пристигнување и на Урдинов. Тој е играч кој во минатото има играно за Железничар, а за брзо време стана и еден од милениците на навивачите на овој клуб. Сепак, сега Урдинов ќе се пресели во дресот на Вележ.

„Убаво ми е да играм во БиХ, бидејќи ја познавам лигата. Сигурен сум дека ќе го дадам најдоброто од себе за да ги исполнам очекувањата на Вележ. Се надевам дека со моите добри игри ќе ја оправдам довербата“, вели Урдинов, кој утре треба да пристигне во новиот клуб и да го комплетира договорот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести