Хаосот кој се случувал околу „Стад де Франс“ пред финалето на Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид придонел двајца повозрасни навивачи на Црвените да си ги одземат животите.
Тоа што го искусиле таму, ги потсетило на случувањата на „Хилсборо“ во Шефилд пред повеќе од 30 години. Тогаш загинаа 96 фанови и траумата на преживеаните нема да се избрише.
Двајца од нив биле и во Париз, каде што исто така имаше многу навивачи без билети кои се обидуваа да влезат на стадион. Затоа и финалето почна со големо доцнење. Очигледно им се вратиле сликите од трагедијата на „Хилсборо“ и психички не издржале, па брзо по финалето на ЛШ, во кое Ливерпул загуби, тие си ги одзеле животите.
Освен што се гмечеа пред влезот на стадион, фановите биле тепани и прскани со спрејови од полицијата, а беа и ограбувани од банди со крадци околу стадионот.