Двајца НБА олстар-играчи се степаа како да се во ринг на УФЦ борби (Видео)

Џоел Ембид, центарот на Филаделфија, е познат како играч кој лесно провоцира и паѓа на процокации, па не е ни чудо што е во центарот на вниманието во тепачката која утрово се случи во НБА-лигата. Ембид се степа со Карл Ентони Таунс, центарот на Минесота.

Двајцата џинови имаа неколку цврсти дуели на теренот, а потоа наеднаш започнаа да се туркаат, а потоа и да се тепаат. За среќа, брзо реагираа и останатите играчи кои беа на теренот, па ги разделија играчите кои сигурно сега ги чека подолга суспензија.

Што се однесува до резултатот, Филаделфија победи убедливо со 117:95. Во останатите мечеви кои се одиграа утрово: Кливленд – Чикаго 117:111, Орландо – Њујорк 95:83, Бостон – Милвоки 116:105, Бруклин – Индијана 108:118, Торонто – Детроит 125:113, Оклахома – Портланд 99:102, Вашингтон – Хјустон 158:159, Сакраменто – Шарлот 111:118, Јута – ЛА Клиперс 110:96, Голден стејт – Феникс 110:121.

- Оглас -

Најнови вести