21.8 C
Skopje
недела, 7 септември 2025

Двајца од странците кои сезонава играа за МЗТ, веќе си најдоа нови клубови

Ретко кој странец останал во македонската кошарка две сезони по ред во ист клуб, па затоа и не е изненадување што двајца од странците кои придонесоа МЗТ Скопје Аеродром да ја освои двојната круна во мак-баскетот во сезоната 2023/2024, веќе потпишаа за други клубови.

Центарот Душан Танасковиќ е нов член на Мега и ќе игра во првата АБА лига. Мега е клуб кој форсира млади играчи кои често завршуваат и во НБА или големи европски клубови, па за Танасковиќ следува сезона која може да му биде пресвртница во кариерата.

Како играч на МЗТ, Танасковиќ во АБА 2 лигата имаше просек од 12,2 поени и 5,6 скока по меч.

Босанецот Харис Делалиќ кој мина околу една полусезона во дресот на Штрковите и имаше забележителна улога, се враќа во БиХ и тоа во некогашниот европски првак Босна од Сараево.

- Оглас -

Најнови вести