Горан Ц. и Александар Д. погодија по осум од саботните девет мечеви од основната понуда на Спортска прогноза, и имаат добри шанси да добијат ваучер од Sport Life ако колото го завршат со 11 или 12 погодоци.
За денеска останаа да се одиграат уште само четири меча. Двајцата чекаат победи на Комо, Анже, и реми на Хетафе со Селта. Различно типувале за Атлетик Билбао – Реал Сосиедад, на едниот му треба „кец“, на другиот „икс“.
Најмногу доверба прогнозерите имаа во Анже, 75,3 отсто веруваат дека овој тим ќе победи денеска против Мец. Голем е процентот, 68,3 отсто, за победа на Билбао во баскиското дерби. Кај другите два парови, нема конечен тип за кој се изјасниле над 50 проценти од играчите и поделеноста беше поголема.
Според процентуално мнозинство на прогнози на играчите кои ги има во голем број, идеалниот тикет по нивен вкус би изгледал вака:
3006 Комо – Аталанта 1
1706 Анже – Мец 1
1308 Хетафе – Селта Х
1309 А. Билбао – Р. Сосиедад 1
За сите овие четири предлози, квотите се над 2.00, па ако ги уплатите на ист тикет, би имале солидна потенцијална добивка.

