Двајца прогнозери се во игра за 13-ка, за денеска се предлагаат четири фикса со квота од 19,36

Митко С. и Цветан К. се единствените играчи на Спортска прогноза кои ги погодиле конечните исходи на четирите петочни мечеви од понудата, па остануваат во игра за 13-ка и да си одберат една од трите премии.

Во шестото коло на бесплатната игра учествуваат 1.382 прогнозери. Од сите нив, само двајца погодиле дека Грузија ќе ја победи Македонија, дека Италија ќе ја совлада Англија, дека Финска и Романија ќе ремизираат, и дека Мароко ќе го добие Чиле. Токму триумфот на Мароко е најголемо изненадување, кец одиграле само 8,55 проценти од прогнозерите.

Денеска има уште четири меча од основната понуда. Тоа се Словенија – Норвешка (двојка типувале 78,5 проценти), Израел – Албанија (единица прогнозираат 85 отсто), Шкотска – Ирска (победа на домашните чекаат 83,66 отсто) и Србија – Шведска (75,49 отсто се изјасниле за победа на Србите).

Доколку му верувате на мнозинството и уплатите тикет со двојка на Норвешка и кецови на Израел, Шкотска и Србија, тогаш во Sport Life ќе составите тикет со вкупна квота од 19.36.

- Оглас -

Најнови вести