Двајца прогнозери, Васе Б. и Ѓорѓи Б. ги погодија исходите на сите шест вчерашни натпревари од основната 13-ка на Спортска прогноза, и остануваат во игра за подарокот од Sport Life, тоа е „iPhone 16“.
За денеска останува да се одиграат уште седум дуели, а возбудувањата ќе започнат од 15 часот кога ќе играат Брентфорд и Њукасл. За овој меч, 52,39 отсто чекаат да победи гостинскиот тим, но Васе и Ѓорѓи не се дел од мнозинството, едниот чека нерешено, другиот победа на Пчелите.
Доколку се земат во предвид прогнозите за кои има над 40 проценти, замислениот денешен тикет по вкусот на мнозинството прогнозери изгледа вака:
1138 Брентфорд – Њукасл 2
1139 Кристал Палас – Брајтон 1
3008 Џенова – Фиорентина Х
1706 Анже – Оксер 1
1708 Стразбур – Лил Х
1141 Манчестер сити – Ливерпул 1
Кај последниот пар, Валенсија – Бетис, прогнозерите се поделени, 26,2 отсто типувале кец, 38,2 чекаат нерешено, а 35,5 проценти сметаат дека ќе победат гостите.

