Трката на Хунгароринг се одвива во најдобар ред и со неколку возбудувања, како на врвот, така и во битката за топ 10 позициите.
Со посебно внимание се испрати претекнувањето на Даниел Рикјардо во 25-тиот круг, кога Австралиецот ги насамари двајцата возачи на Алпина. Окон излегуваше од пит-стопот и се најде во битка за 10-тата позиција со тимскиот колега, поискусниот Фернандо Алонсо, но во еден свиок Рикјардо од трет план ја искористи нивната лоша координација и ги помина двајцата.
— Mr Matthew CFB (@MrMatthewCFB) July 31, 2022
https://twitter.com/Eddo_EEO/status/1553737786909462528