Двајца Срби, Хрват и Романка се крадците кои влегоа во домот на убавата Дилета (Видео)

Најпознатата и најубава италијанска фудбалска новинарка Дилета Леота била ограбена од банда составена од балкански криминалци, пренесуваат италијанските медиуми. Двајца Срби, еден Хрват и Романка, како и еден член чија националност уште не е позната се луѓето кои успеале да влезат во домот на Леота и да украдат многу вредни работи.

Меѓу украдените работи има накит со дијаманти, осум скапоцени часовници и дизајнирани чанти. Украдени се и 150.000 евра кои убавата новинарка ги чувала дома.

Бандата која ја изврши кражбата го доби прекарот „летачка банда“ поради акробациите кои тие се способни да ги направат. Дилета живее во луксузен стан во Милано, а крадците со денови ја следеле жртвата, која самата „им помогнала“ со своите објави на инстаграм-профилот, па бандитите имале постојана информација кога таа е дома, а кога е излезена надвор.

 

- Оглас -

Најнови вести