Александар С. и Ерџан У. се најуспешните прогнозери после саботните шест меча од основната понуда на Спортска прогноза, и тие се единствените двајца со максимална шестка, и во игра се за 13-ка, со шанса да дојдат до премијата и сами да си одберат вреден подарок.
Мал процент (под 20 проценти) на прогнозери ги погодија победите на Штутгарт со Ајнтрахт и Борнмут над Шефилд јунајтед, како и ремито на Манчестер сити против Ливерпул, па најмногу поради овие три меча, нема поголем број на играчи со шест погодоци (има 31 петки).
За денешните седум меча од основната понуда, мнозинството играчи има само два фаворити, Монпеље против Брест (дури 80,48 проценти типувале кец) и Хајденхајм против Бохум (72,29 отсто се за победа на домашните).
Кај останатите пет парови, поделеноста е прилично голема и нема исход во кој веруваат повеќе од 50 проценти од играчите на Спортска прогноза.
Замислениот тикет според прогнозите на мнозинството играчи на Спортска, би изгледал вака некако:
3010 Каљари – Монца 1Х
1706 Монпеље – Брест 1
3005 Емполи – Сасуоло Х2
3004 Фрозиноне – Џенова 1Х
1808 Хајденхајм – Бохум 1
1709 Лион – Лил 1Х
3007 Јувентус – Интер 1Х