Тотенхем со 2:1 го победи Брајтон во меч на кој во главна улога беа тренерите на двата тима. Италијанските стратези Кристијан Стелини и Роберто де Зерби не го дочекаа крајот на мечот покрај аут линијата каде што треба да бидат и тоа откако малку фалеше да се истепаат.
Уште пред да почне средбата, кога двајцата тренери се поздравија како дел од ферплејот, Де Зерби почна агресивно да се однесува и со прстот да му се заканува на својот сонародник.
https://twitter.com/i/status/1644705163855421441
Кулминацијата се случи кога Брајтон израмни на 1:1 во 58 минута, а Де Зерби тргна да се радува и тоа директно пред клупата на Тотенхем. Тогаш реагираа од домашната клупа, а двајцата тренери за малку ќе се степаа, па добија црвени картони.
Интересни е дека овие двајца се имаат скарано уште од времето кога беа фудбалери во италијанските второлигаши Бари и Авелино. Во сезоната 2008/09 се скарале прв пат и сега очигледно уште ги држи лутината.