Клубот на легендата Лато – Двапати беа шампиони и до денеска чекаа 24 години за пласман во Прва лига

Стал Мјелец беше вистинска фудбалска сила во полскиот фудбал во 70-те години од минатиот век, кога двапати беа и шампиони и еднаш вицешампиони, а денеска по долг пост од 24 години повторно се прволигаши.

Стал денеска успеа да го победи Сосновјец со 3:0 на гостински терен и да го потврди второто место во Втората полска лига со недостижни 7 бода предност пред Варта.

https://twitter.com/_Ekstraklasa_/status/1284178932271583232?s=20

Со нив нов член на популарната Екстракласа, како што се нарекува Првата полска лига ќе биде и лидерот Подбескиѕје.

Стал во десетгодишен период од 1972 до 1982 година двапати беше првак на Полска, еднаш и вицешампион, а трипати заврши како третопласиран на табелата.

За клубот од Мјелец во тој период настапува големите полски легенди Грегорж Лато, Хенрик Касперчак и Зигмунт Кукла.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести