24.8 C
Skopje
недела, 20 јули 2025

Двапати го победуваше ракот, а синоќа правеше чуда на голот и ја однесе Германија во полуфинале

Германската голманка Ан-Катрин Бергер ја однесе својата репрезентација во полуфинале на Европското првенство за жени.

Во четвртфиналето против Франција, Германките уште во 13-та минута останаа со играч помалку по исклучувањето на Хендрих, а една минута подоцна противникот поведе со 1-0 од пенал.

Тоа изгледаше како невозможна мисија за Германките, но тие и со играч помалку дадоа гол за 1-1, а потоа работата ја доврши 34-годишната Бергер која имаше феноменални интервенции и не дозволи да прими уште еден гол. Германките после 120 минути игра дојдоа до пенали, а и тука јунак беше жената на која во 2017 ѝ беше дијагностициран рак на тироидата, кој се врати пет години подоцна.

Во пенал серијата, Бергер на Французинките им одбрани два удари од белата точка, а и самата даде гол за голема радост и полуфинале против силната Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести