Кениецот Феликс Кирва направи подвиг со победата на хаотичниот маратон во Стокхолм, Шведска, затоа што истрча 1,1 километар повеќе од другите, а сепак прв мина низ целта.
Неверојатно е како биле направени такви пропусти во организацијата на маратонот, но факт е дека Кирва на 28-миот километар, со уште двајца маратонци, двапати ја утна патеката, и трчаше во погрешен правец, губејќи време и залудно трошејќи ја силата.
Кирва маратонот го истрча за 2 часа, 11 минути и 7 секунди, а ако не залуташе и трчаше колку што треба, ќе поставеше рекорд на стокхолмскиот маратон. Кирва е познат и по тоа што во 2019 година беше суспендиран поради земање допинг и тоа стимуланс кој се користи како отров за глувци.